„Федор е душата на Русија, тој е се што сака да биде еден Русин“ (ВИДЕО)

Сè поблиску ни е 28 април и ноќта во која на Белатор 198 ќе ја гледаме борбата на Федор Емелијаненко и Френк Мир. Вистинските легенди и ветерани на ММА спортот ќе се судрат во трет дуел на тешкашкиот Гранд при.

И покрај доаѓаат во години кога и двајцата се далеку од најдобрата форма, нивниот дуел би требало да привлече големо внимание, а Белатор ништо не препушта на случајност, го покажува и серијалот Одбројување, со што дополнително одлучија да го промовираат овој натпревар.

По првиот дел, продолжението дава и увид во нивните подготовки, пропратен со повремени изјави од главните актери и оние кои на некако се вклучени во оваа приказна.

Една таква интересна изјава доаѓа од Вадим Немков, талентираниот 25-годишен руски борец кој најдобро опиша колку Емелијаненко е голем во нивната татковина.

„Федор е душата на Русија, тој е се што сака да биде еден Русин. Тој во рингот не покажува емоции. Се бори со срце и никогаш не се откажува. Федор се бори за нас до последното ѕвонче“, рече Немков, кој честопати доаѓа во можност да учи од легендарниот воин.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON