Федор е аутсајдер во мечот со Брок Леснар

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Брок Леснар, го раскина договорот со ВВЕ/WWE, со што ја отвори вратата за враќање во ММА.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, веднаш изрази желба да се сретне со Џон Џонс, но Скот Кокер исто така е подготвен да понуди добри услови за борба со Федор Емелијаненко во Белатор ММА.

Не е изненадување што обложувалниците веќе објавија коефициенти, според кои Леснар е прилично омилен (-135) пред Федор (+105).

Коефициентите може да се променат ако се потпише договор за ваква битка.

Сè уште не е извесно кој ќе биде следниот чекор на Леснар. Според ветеранот на УФЦ, Џош Барнет, овие шпекулации за враќањето на Леснар во ММА се само за да може кечерот да изврши притисок врз ВВЕ во преговорите и повторно да потпише договор со нив според негови услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON