Се појавија некои информации во врска со борбата на Федор и Фабио Малдонадо, како и за нови преговори со УФЦ.
Новинарот на „Крвав лакт“, Карим Зидан, дознал дека тимот на Федор е отворен за реваншот со Малдонадо, кој би можел да се одржи на ЕНФ/ENF настанот во ноември или декември.
За борбата со Бразилецот Федор доби повеќе од 2 милиони американски долари.
Директорот на ЕФН, Камил Газиев, откри дека Малдонадо не бил првиот избор за противник на Русинот.
Во конкуренција покрај поранешниот борец на УФЦ биле и шампион во тешка категорија на КСВ/KSW, Карол Бедорф, Питер Грахам и Оли Томпсон.
Федор го избрал Бедфрф.
„Федор учествуваше во одлуката за противникот, но не го бараше сам. Тој доби листа со понудени имиња за избор. Не побараше лесна борба. Неговиот прв избор беше Карол Бедорф, шампионот во тешка категорија на КСВ, но да речеме дека барањата на КСВ беа … ех, да речеме дека не ни се допаднаа. Потоа разгораввме за Питер Грахам, Федор рече: „Знаете што? Тој е добар борец, интересен, но кога ќе ги погледнеме на годините, заедно ќе имаме 80“, изјави Газиев.
Во врска со Бедорф, барањата беа врзани и за ситуацијата во случај на пораз на Полјакот. КСВ бараше Федор да го одарботи реваншот исклучиво во Полска, а ЕФН не се согласил со тоа.
УФЦ, наводно, на Федор му испратил нова понуда, која е помала од оноа што му ја испратија во 2015 година и таа беше одбиена.
Има информации дека „Последниот император“ во разговорите со Белатор за борба со поранешниот шампион на УФЦ Квинтон Џексон. Ако дојде до договор, борбата со „Рампејџ“ би се одржала на Дајнамајт 3 во ноември или декември.