Помина 8-9 месеци од вонредното Собрание на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) кога се избра новиот претседател Игор Злтаков кој во таа прилика даде прилично оптимистички ветувања за македонскиот бокс. Беше истакнато дека ќе се расчитат долговите и дека Федрацијата ќе почне да работи нормално и ќе има лига натпреварување. Од друга страна, во очи на изборите се променија законите за игрите на среќа и за данокот на добивка кои одеа во полза на спортот. Владата на чело со владеачката партија ветија големи пари во боксот, како и пари преку Агенцијата за млади и спорт од игрите на среќа. Но, се бидна по онаа народната „од ветување куќа не се растура“.
До денес речиси ништо не се случува во бокосот, освен двете индивидуални клупски инцијативи учеството на Пинк Пантер во Региналната боксерска лига и организацијата на Детската лига.
„Новиот претседател си зема за обврска да ги расчисти долговите и да ја деблокира жиро-сметката на Федерацијата, а сето тоа беше кажано пред Управниот одбор и на вонредното Собрание. До ден-денес состојбата е статус-кво.
Владата и Агенцијата за млади и спорт ветија за поттикнување на боксот и враќање на трофејните патеки 700.000 евра (42 милони денари) и 300 илјади евра од игрите на среќа како дотација од АМС. Тие пари не стигнаа на сметката на БФМ, ниту сметката е деблокирана“, вели потпретседателот на БФМ, Фатон Салиху.
За моменталната ситуација во боксот Салиху вели:
„Ништо не е направено, уште е полоша состојбата. Од нокдаун паднавме во нокаут“.
Дали има образложение за вкавата состојба на македонскиот бокс, потпретседателот посочува дека на тоа треба да одговори првиот човек на БФМ, објаснувајќи оти сите клубови се согласиле да го изберат Златков поради ветувањата дека ќе ги расчисти состојбите во кои се најде БФМ, за боксот да оди напред.
„Новиот претседател треба јавно да се изјасни и да каже зашто не се исполнети ветувањата. Тоа го очекуваат клубовите. Немваме добар квалитет, а се впуштивме на кванитет. Почнаа да се отвораат клубови поради ветувањата за големите пари во боксот, па кик бокс клубовите се регистрираа како бокс клубови“.
Клубовите повторно се одржуваа сами, но не познато до кога ќе ги држи тој елан, а факт е дека макеоднски боксери не се појавуваат на европски и светски првенства, само прашање на време е до кога ќе издражат. Пред година и нешто згасна клбот во Охрид кој имаше неколку талентирани боксери.
„Клубовите се во нокаут, немаме репрезентативци, 4 години не сме учествувале на Европскии и Светски првенства. Пред една недела заврши ЕП за У-22 во Романија, ние немавме наш претставник, а доаѓаат европските за кадети и за јуниори. Наместо од сега да ги направиме плановите и да ги подготвиме младите боксери за да го добијат потребното искуство за големите меѓународни приредби како ЕП. До денска ние тоа го немаме и како Федрација четири години опстојуваме без денар, а тоа значи и тапкање во место“, категоричен е Фатон Слаиху.
Прашање е како да се излезе од оваа ситуација, односно како да се најде решение за натрупаните проблеми.
„Пртеседателот треба да знае да ја менаџира работата, ако не е моќен нека си даде оставка. Не може да го блокираат боксот. Ако може да помогне, нека помогне побрзо, за да не ни избегаа и оваа година во натпреварувачка смисла“, порачува Салиху.
Ipon.mk/В.Д.