Фати Вејсели се пласира во финалето на престижниот „Јон Корнијану & Ладислау Симон“ во Букурешт

Фати Вејсели (-70 кг) се пласира во финалето на престижниот Меѓународен турнир во борење „Јон Корнијану & Ладислау Симон“ во Букурешт, Романија.

Во полуфиналето Вејсели со 4-2 го победи Никола Грахмез од Молдавија, актуелен бронзен медалист од Европското првенство за сениори, кој има и сребрен и бронзен медал од европските во У-17 и У-20.

Утре во финалето ќе се бори со противник од Турменистан.

Турнирот е подготовка за Светското првенство во Белград од 16 до 24 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON