Фати Вејсели е петти во светот (ФОТО)

Фати Вејсели е петти во светот.

Во борбата за бронзениот медал против Молдавецот Николај Грамез на Светското превнство во борење слободен стил за јуниори во Трнава, Словачка, Вејсели загуби со 5-15 (технички туш). Вејсели воопшто не разочара, напротив, харбро се бореше и покажа дека има квалитети. Во акцијата за намалување водството противникот заработи поени и борбата заврши.

Сепак, ова е голем успех на нашиот борач и штетата што не го круниса со медал. Секако, ова е поттик за македонското борење и за другите борачи дека со работа можат да се носат со противниците.

Резултати
Фати Вејсели – Никола Левенов (Бугарија) 3-0
Фати Вејсели – Ахмет Јигит (Турција) 12-6
Фати Вејсели – Амирхосеин Магсуди (Иран) 0-10 (ТТ)

Репасаж
Фати Вејсели – Буд Батбаатар (Монголија) 18-6 (технички туш)

За бронза
Фати Вејсели – Никоај Грамез (Молдавија) 5-15 (ТТ)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON