Фатални 30 секунди за македонските борачи на ЕП, од готово вересија

Фатални 30 секунди за македонските борачи на Европското првенство за сениори во Загреб, Хрватска.

Фати Вејсели имаше водство од 9-2 и 9-4 и на крајот од готво направи вресија, а до тој момент одличноја водеше борбата, за накрај да изгуби 9-11.

Фати долго ќе жали за пропуштеното, затоа што ја имаше победата в раце и пласман во четвртфиналето.

Ахмад Магомедов извојува победа против Станислав Новац од Молдавија 8-0, но во четвртфиналето водеше тешка борба со Гркот Георгиос Кугиумцидиси при резултат 1-1 во полседните 30 секунди се обиде да направи завршни акции со кои ќе ја обезбеди победата, но противникот го искористи невниманието и натпарви две акции со кои ја запечати победата.

Ахмад има шанса за репасаж, бидејќи Гркот е во полуфиналето.

Нашата надеж за медал Могамедгаџи Нуров загуби во првото коло и ги загуби сите шанси за одличје.

Преостануваат борбите Владимир Егоров, Расул Шапиев, Дејан Митров и Реџеп Хајдари, како и Вероника Рјабоволова и Марија Спирковска.

Штета што Бесир Алили не настапува. Искуството не се купува со ништо, а тој е талентиран борач. Стручниот штаб ќе треба да се произнесе, бидејќи беше соопштено дека патува на ЕП.

Европско првенство резултати:

Жени
50 кг Вероника Рјабоволова
53 кг Марија Спирковска

Мажи-слободен стил
57 кг Бесир Алили
61 кг Владимир Егоров – Арман Елојан (Франција)
70 кг Фати Вејсели – Патрик Оленчин (Полска) 9-11
74 кг Расул Шапиев – Таимураз Салказанов (Словачка)
79 кг Ахмад Магомедов – Станислав Новац (Молдавија) 8-0

79 кг Ахмад Магомедов – Георгиос Кугиумцидис (Грција) 3-5 ¼ финале
86 кг Дејан Митров – Борис Макоев (Словачка)
92 кг Реџеп Хајдари – Метју Фајнсилвер (Израел)
97 кг Могамедгаџи Нуров – Збигњев Барановски (Полска) 2-5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON