Ви пренесуваме делови од свеченото отворање на Светското првенство во таеквондо кое се одржува во Челјабинск во Русија. Ова првенство е историско, или како што се наведува во коментарите „нов почеток“, бидејќи двете ривалски организации се најдоа на исто метсо и во исто време. И двете организации, Светската таеквондо федерација (ВТФ) и Меѓународната таеквондо федерација (ИТФ), имаа свои демонстрации.
Да потсетиме дека нашата земја ја претставува Петра Матијашевиќ, која од неодамна има македонско државјанство, а за репрезентацијата на Хрватска има освеоно бронзен медал на Европско првенство.