Чарлс Оливеира побара мислење од своите фанови за неговата прва битка во 2022 година. Шампионот во лесна категорија од Бразил има две опции и им понуди на навивачите да изберат помеѓу Конор Мек Грегор и Џастин Гејџи.
Гејџи во последните недели постојано тврдеше дека тој е следен за титулата. Џастин дури најави дека ќе се побуни доколку Мек Грегор го престигне за титулата. Конор, пак, исто така сака шанса и му понуди на Оливеира борба во Бразил.
Чарлс е подготвен да ја паузира категоријата за да бара големи пари во борбата со Ирецот. На својот профил на социјалните мрежи, Оливеира напиша:
„Да ја започнеме годината со анкета. Против кој борец сакате да ме видите оваа година? Конор Мек Грегор или Џастин Гејџи“?
Речиси сите фанови на неговиот профил пишуваат дека го сакаат во борба против Мек Грегор.