Поранешниот американски претседател Доналд Трамп имаше спектакуларен настап на УФЦ 290 во Лас Вегас, воодушевувајќи ја публиката со своето присуство.
Тој доби воодушевуваќи пречек кога влезе во арената за многу очекуваниот ММА настан. Трамп (77) влезе со Дана Вајт пред да се ракува и да и мавне на толпата собрана во Т-Мобиле арена.
Опкружен со тим агенти на тајната служба, Трамп седна на своето место непосредно пред почетокот на главната борбена карта. Пред да се смести, тој се фотографираше со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Стипе Миочиќ.
Треба да се спомене дека Трамп беше виден и со познатиот актер Мел Гибсон и политичкиот стратег Роџер Стоун. Трамп има интерес за настаните на УФЦ и претходно присуствуваше на УФЦ 264. Доналд исто така присуствуваше на УФЦ 287 и седеше до боксерската легенда Мајк Тајсон и музичарот Кид Рок.
Со текот на годините, Трамп и Дана Вајт изградија силна врска. Претседателот на УФЦ јавно го поддржа Трамп за време на републиканската национална конвенција во 2016 година. Вајт, исто така, зборуваше во име на Трамп на Националната конвенција на Републиканците во 2020 година.
Голем број фанови станаа на нозе за Трамп и му упатија овации во Лас Вегас. Погледнете:
https://www.youtube.com/watch?v=zDAUlAJxAq8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmma.bg%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
https://www.youtube.com/watch?v=avYo5DhV9JQ