Тренерот на Кик бокс клубот Фајт тим од Скопје, Тони Стојановски, вели дека на Државното првенство што.во неделата се одржа во Скопје освоиле 17 медали – 10 златни, 3 сребрени и 4 бронзени. Со овој скор на медали Фајт тим е најуспешен клуб на второто Државно првенство во кик бокс.
Според официјалниот извештај на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ), најуспешен е Шампион од Скопје со 18 медали (9-7-2), токму пред Фајт тим 15 (9-3-3). Како што наведува Стојановски, неговиот клуб има два медала повеќе, а токму златниот медал го прави поуспешен од Шампион.
„Како и што очекувавме, многу медали за Фајт тим. Сите наши натпреварувачи имаа по две борби, некои имаа и по 3 борби и освоија злата. Но, најубаво беше кога другите борци од женска конкуренција, кои требаше да се борат со нашите кикбоксерки, и ги откажуваа борбите. Следен предизвик за Фајт тим е првенство во Црна Гора“, вели тренерот Тони Стојановски.
Вкупно освоени медали
1.Шампион – Скопје 18 (9-7-2)
2.Фајт тим – Скопје 15 (9-3-3)
3.Прокик фемили – Скопје 11 (5-5-1)
4.Тим Зоран – Струмица 11 (3-4-4)
5.Гладијатор – Скопје 9 (4-3-2)
6.Енерџи – Битола 9 (4-3-2)
7.Гладијатор – Неготино 8 (4-1-3)
8.Будо – Кавадарци 8 (2-4-2)
9.Максам фајт – Прилеп 6 (2-1-3)
10.Наско тим – Скопје 5 (4-1-0)
11.Д-Џим – Штип 4 (2-0-2)
12.Будо – Велес 4 (1-1-2)
13.Тетова – Тетово 3 (2-0-1)
14.Стронгест – Аеродром 3 (1-0-2)
15.Гладијатор – Штип 2 (2-0-0)
16.Самурај – Битола 2 (1-0-1)
17.АС – Делчево 2 (0-0-2)
18.Горила – Скопје 1 (1-0-0)
19.Куманово 2006 – Куманово 1 (1-0-0)
20.Тигар – Делчево 1 (0-1-0)
21.Д- Стронгест – Скопје 1 (0-1-0)
Ова е табелата на КБФМ, дополнета само со еден медал (златен) на КБК Енерџи од Битола.
Ipon.mk