За најголемиот ММА настан кај нас, Фајт најт чемпион 3 во Велес на 24 октомври е издаден новиот плакат, на кој има измени за почетокот на оваа реномирана приредба и во делот на спонзорите.
Борбите ќе започнат во 20 часот, не како што беше првично напишано во 21.
Спортската сала „Гемиџии“ ќе биде центарот на ММА случувањата во регионот, при што се очекуваат околу 5.000 гледачи. ММА клубот „Будо“ подготвено го очекува настанот и работи на тоа сите финеси да бидат исполнети.
На ММА настанот во Велес ќе се појават многу познати балкански борци, но и домашни, како Илија Андов, Дејан Трајковски, Тоше Цветков, Дејан Стефановски, Златко Петровски и други.
ipon.mk/В.Д.