Во главната борба на „Фајт најт чемпион 3“ во Велес во главната борба до 66 килограми нашиот Илија Андов е совладан од Босанецот Џевад Муфтиќ, затоа, пак, Златко Петровски, Марјан Ангелески и Деајн Стефаноски извојуваа брзи победи. Ангелевски го имаше потегот на вечерта.
Спектакуларниот ММА настан во Велес го седеа околу 5000 гледачи, а организацијата беше одлична.
Илија Андов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ) -66 кг
Борбата почна со фрлање на Андов во нозете на противникот откако тој замавна да го удри, при што го спушти на партер. Подоцна Андов имаше една врзана серија на удари во глвата, а по некое уште една, но Муфтиќ умешно се извлече со контра удар. До крајот на првата рунда Андов зададе уште една серија на удари во стоечка позиција. На почетокот на втората рунда Илија го зададе силен директ. Кога се чинеше дека борбата ќе се влечка до крај и ќе заврши со судиска одлука, при напад на велешанецот Муфтиќ зададе еден контра удар на кој надоврза маваши гери со кој го испрати Андов во нокаут.
Сепак, мора да се додаде дека Андов за оваа борба симна 10 килограми, пордаи што заморот брзо го стигна во кафезот.
Марјан Ангелески + 93кг (МКД) – Иван Вичиќ (СРБ)
Само што почна борбата Вичиќ се обиде да зададе удар, но Ангелески беше доволно претазлив и со мало извлекување нападна и со класичен маваши гери го нокаутираше српскиот борец. Најубавиот потег за публиката, но и најбрзата победа.
Дејан Стефановски (МКД) – Јасмин Вркшиќ (БиХ) -84 кг
Стефановски имаше тератрален настап во кафезот со кој подигна публиката на нозе, поради што можеби Вркшиќ е го потцени. Стефаноски како матадор го викаше противникот кон него, за потоа брзо да му се потрча кон него и да му се фрли во нозете со што го собори противникот на земја и брзо потоа му направи армбар и ја заврши борбата.
Златко Петровски (МКД) – Арнес Мујезиновиќ (БиХ) -77 кг
Борбата почна жесото со напад на Мујезиновиќ, кој ја спушти борбата во партер, при што Птеровски се најде во лоша ситуација, но брзо се извлече и му направи армбар на противникот. Петровски брзо ја заврши борбата, покажувајќи зошто е носител на црн појас во БЏЏ, за што беше бурно поздравен од публиката.
Александар Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
Заткоски покажа убава техничка демонстрација на бразилско џиу џицу. Тој го фрли противникот на партер и брзо премина во напад при што му направи армбар.
Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ) -77 кг
Трајковски, кој имаше голема поддршка од домашната публика, се чинеше дека брзо ќе го совлада противникот, но имаше лоша завршница при соборувања на Исалмовиќ, кој се покажа како доста живлав противник. Трајковски ја заврши борбата при крајот на втората рунда со гушење во партер позиција.
Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (MКД) -84 кг
Едо Чаврк покажа големо искуство и ја демонстрираше хрватската школа на ММА борци. Тој постојано го наѓаше Цветков, при што му направи и дав-три хајк-кикови. На крајот на првата рунда го псушти во партер позиција и со серија удари во глава го заврши, а судијата мораше да ја прекине борбата.
Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Ненад Падорис (СРБ) 93 кг
Обрадовиќ со класичен нокаут го прати Падорис на подот во почетокот на борбата. Сепак, публиката протестираше, бидејќи мислеше дека е одглумен нокаутот.
Александар Ракас (ХРВ) – Слаѓан Драгишиќ (СРБ) -77 кг
Ракас со серија од удари во глава го заврши Слаѓан за кратко време во почетокот на борбата.
Виктор Китанов (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ) -66 кг
Храватот не дозволи инзнедување и со серија удари во глава ја заврши борбата со Китанов.
Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ) 93 кг
Борбата заврши поради лошо згазнување на Врбиќ, кој си ја повреди ногата, така што во некоја друга прилика ќе треб ада си ги одмерат силите.
Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ) -93 кг
Радниќ извојува сигурна победа.
Во прелиминарните борби Недрин Фејзовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг, нашиот борец брзо ја заврши борбата, затоа пак Милошев и марков беа совладани.
ipon.mk/В.Д.