Каратистот Фаик Весели постигна голем успех и освои бронзен медал во Буенос Аирес на третите летни младински Олимписки игри. Македонија настапи со шест спортисти,
Весели имаше драматична борба за финалето, па несреќно загуби во финишот, откако на девет секунди доби четвртата казна која значеше и крај на борбата и за Весели да направи поголем резултат.
Младиот каратисти се заблагодари за големата поддршка која ја добил, како и на тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски и најави борба за медал на сениорските Олимписки игри.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката додека бев таму. Сакам да им се заблагодарам и на моите тренери Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски. Ветувам дека нема да престанеме тука, се надеваме на уште поголеми резултати и мислам дека ќе одиме до медал на сениорски Олимписки игри“, изјави Весели.
Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и директорот на АМС, г-дин Дарко Каевски ги поздравија сите учесници на младинските Олимписки игри, а посебно му го честитаа бронзениот медал на Фаик Весели и на неговиот тренер Александар Кузмановски. И двајцата ја потенцираа важноста од координираната и партнерска работа на АМС и МОК и дека во консултација и соработка со Националните спортски федерации, високите спортски резултати на најдобрите македонски спортисти ќе бидат повеќе од забележителни.
Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, истакна дека успехот на Фаик Весели е дотолу позначаен бидејќи тој е единствениот каратист од Европа кој на овие МОИ во оваа тежинска категорија до 61 кг, а тоа, всушност, значи дека Фаик е најдобриот европски каратист, во својата возраст, во својата категорија.