Поранешниот шампион во тешка категорија Фабрицио Вердум го заврши Александар Густафсон за 2 минути и 30 секунди во тешка категорија на УФЦ на ЕСПН 14 во Абу Даби.
Густафсон се врати од пензијаи веруваше дека ќе победи, но тоа не се случи. Вердум ја отвори борбата со удар, а Густафсон ја врати со десен удар. Александар зададе комбинација, а искусниот Бразилец успеа да ја пренесе битката на партер, каде го однесе грбот на противникот.
Вердум изработи армбар, а Густафсон се предаде. Битката меѓу нив заврши за 2 минути и 30 секунди. 42-годишниот Бразилец ја прекина серијата од два последователни порази и ова е последна битка за него во УФЦ. Вердум нема намера да го обнови договорот и ќе бара нова организација. Густафсон влегува во серија од 3 последователни порази со завршница.
https://www.instagram.com/p/CDFpCs0FuZY/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CDFpBDKpfHo/?utm_source=ig_embed