Фабрицио Вердум го предизвика Френсис Нгану на борба во ПФЛ

Бразилскиот ММА борец, поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Фабрицио Вердум предизвика уште еден поранешен носител на титулата, Френсис Нгану. Камерунската ѕвезда моментално е слободен агент и од него се откажаа 3 боречки организации.

Белатор, БКФЦ и ОНЕ Шампионатот не сакаат да потпишат со Нгану, кој сакаше вселенски услови. ПФЛ остана единствената опција на Нгану доколку сака да ја продолжи кариерата во САД. ПФЛ се уверени дека ќе потпишат со него, и се чини дека Френсис се согласува.

Вердум е поранешен борец на ПФЛ, кој моментално е слободен агент. Фабрицио потсети на победата над Федор Емелијаненко и го предизвика Нгану.

„Еј Френсис! Го шокирав светот кога ги победив Федор Емелијаненко и Каин Веласкез. И тогаш станав неприкосновен УФЦ шампион во тешка категорија на светот.

Имаш многу маани, па ајде да се бориме во ПФЛ. Ова е единствениот начин да откриете кој од нас е подобар“, напиша Вердум на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA ™ (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON