Марија Божиноска која на Европското првенство за јуниори и кадети во кик бокс во Сан Себастијан, Шпанија, го освои сребрениот медал во категоријата до 70 килограми во кик лајт, вчера ја покажа и другата Марија во себе.
Таа демонстрира човечка вредност која е за респект:
„Освен што сум спортист и по борбата на рингот подавам рака, така и надвор од него сакам да подадам рака за хуманитарни цели. Максимално. Инаку, вчера прв пат давав крв и планирам да продолжам да го прваам тоа. Штотуку станав полнолетна. Па, ете, и јас ја добив таа привилегија да дарувам, а најголема инспирација за тоа ми е татко ми. Тој има дарувано крв повеќе од десет пати. Секој кој има можност би требало да го стори тоа, затоа што нам ни одзема само половина час, а некому може живот да спасиме. А тој, што ќе ја добие мојата крв, се очекува за брзо време да почне да „беснее“ низ градот (раскажува со насмевка и поттик и за другите да се приклучат во хуманата мисија)“.
Да потсетиме дека на ЕП за малку и избега златниот медал, бидејќи Божиноска во финалето беше поразена од Италијанката Марта Филипи со 2-1, но нијанси ја одлучуваа поведничката.
Кикбоксерите во дарувањето крв се за респект, бидејќи битолчани редовно го прават тоа и се меѓу најмосвните крводарители во спортската фела.
Ipon.mk/В.Д.