Европскиот карате шампион во борби, Вероника Костовска-Веци, поцрне.
Кадетскиот првак на Европа не поцрне од силното сонце на некоја плажа или на скопксите улици, туку таа положи за мајсторски појас први дан. Полагањето се одржа вчера во нејзиниот клуб КК Кеикс пред стручна комисија.
По затишјето по освојувањето на златниот медал во Цирих, црниот појас на Костовска е вовед во новиот предизвик, а тоа е Европското првеснтво за региони на кое што ќе настапи како дел од екипата на КК Макпетрол. Се надеваме дека црниот појас е вовед во уште еден трофеј.
ipon.mk/В.Д.