Европскиот шампион Димитар Ѓоргиев во првата изјава по финалето за Ipon.mk вели дека добро поминал во финалето, затоа што имал понизок противник, што, всушност, многу му одговарало.
https://www.facebook.com/urkodejan.mitrovski/videos/2758867894127227/
Ѓоргиев во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, го совлада Рамазан Баксанов од Русија со 3-0. По трите светски титули ова е прва европска и тоа во лоу кик.
„Мислам дека го дадов својот максимум, се надевам дека следната година ќе можам да донесам медал и од Светско првенство“, вели трикратниот светски првак Ѓоргиев кој е еден од најуспешните македонски спортисти во оваа деценија.
Тој истакнува дека по ЕП најбитно му е отворањето на неговиот клуб Работнички Адора и дека тоа ќе се случи за 10-тина дена. Од друга страна, по ЕП нема одмор.
„Следи период на тренинг и само тренинг“, порачува европскиот првак.
На својот Фејсбук профил Ѓоргиев напиша:
„Со скршени запчиња и исполнето срце, сакам да ви се заблагодарам за целата подршка и позитивна енергија што ја добив и добивам. Овој медал не е мој, го делам со мојата фамилија, со нашата Кик боксинг федерација и репрезентација ВАКО Македонија, со братот Саша што ме натера и помогна да се вратам во спортот, Адора инжинеринг кои ми ја одржуваат целата моја кариера, со сите мои подржувачи, кои, верувајте, ги има многу и се секогаш до мене“!
Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале 3-0
Финале
Димитар Ѓоргиев – Рамзан Баксанов (Русија) 3-0
Ipon.mk