Поранешниот европски шампион во карате Наташа Илиевска Јордановска е избрана за претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија. Таа беше избрана со акламација на изборното Собрание на ССФМ.
Илевска на оваа функција го наследи Марјан Начевски, која беше два мандати на оваа позиција, на кого му беше оддено призние за досегашната работа.
Нашата Илиевска Јордановска се заложи да се подобрат условите за генералните секретари на федерциите, како двигатели на сите работи, подобрување на просторните услови и зголемување на паричните средства за спортските федерации.
Самбо федерацијата на Македонија беше примена во редоцно членство на ССФМ. Покрај тоа, беа избрани нови челнови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор.
За потпретседатели на ССФМ се избрани: Ѓуро Илиќ од општинскиот сојуз на Битола, и Мустафа Алиу од федерацијата на училишен спорт.
Нови членови на УО на ССФМ се: Филип Милошевски (ракомет), Филип Поповски (фудбал), Атанас Николовски (кајак), Љубомир Лазаревски (борење), Дејан Ангеловски (атлетика), Наташа Неделковска (кик бокс), Ивица Хаџи-Иљоски (одбојка), Димитар Џонов (општински сојуз Штип), Сашко Ванчевски (општински сојуз Велес), Драган Атанасовски (општински сојуз Тетово), Катерина Спасовска – професор на ФФК – менаџерски тим, Врбица Стефанов – менаџерски тим.
Членови на надзорниот одбор се: Ристо Петров (куглање), Герман Боглев (федерација на училишен спорт) и Јованче Јанковски (велосипедизам)
Ipon.mk/В.Д.