Европскиот куп во 2022 година, кој требаше да се одржи во Оренбург, Русија е откажан, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на прес-службата на Европската џудо унија (ЕЏУ).
Се известува дека оваа одлука е донесена во поради актуелната меѓународна ситуација.
Европскиот куп 2022 година требаше да се одржи од 14 до 15 мај.
Покрај овој турнир, ЕЏУ го откажа и Европскиот куп за кадети, кој требаше да се одржи од 2 до 3 април во рускиот град Тула.