Евгениј Поп Ацев е најдобриот спортист за 2018 гоидина на Градот Скопје пред кикбоксерот Бобан Илиоски, каратистот Дејан Недев, ракометарот Стојанче Стоилов, таеквондистот Дејан Георгиевски, каратистот Ненад Келебиќ, атлетичарот Дарио Ивановски, борачот Фати Вејсели, атлетичарките Адријана Поп Арсова и Дрита Ислами.
Пливачот Евгениј Поп Ацев го освои 3. место во вкупниот пласман на Светскиот куп во маратонско пливање на ранг листата на меѓународната пливачка федерација.
Најуспешен млад спортист е каратистот Фаик Весели, тој го освои првото место пред таеквондистката Анамарија Георгиевска, џудистката Хамза Јашари, кикбоксерката Викторија Варадинова и каратистот Абдурахим Идризи.
За најталентиран млад спортист е избран борачот Бесир Алили. За најуспшен тренер Бошко Заброски тренер на Карате клубот Макпетрол, за најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена ЖРК Вардар. За најуспешен спортист странец кој настапува во екипа од Скопје е прогласен Иван Чупиќ од Вардар, а за најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби, планинарот Стоилко Стоицев.
Ipon.mk