Еве како е да се игра фудбал со Хамзат Чимаев! Само не му ја земајте топката (ВИДЕО

Хамзат Чимаев е еден од најстрашните ММА борци на денешницата. Непоразениот чеченски борец никогаш во професионалната ММА кариера не доживеал пораз, а во 14-те победи победи само два пати со одлука. Во останатите 12 победи забележа шест прекини со нокаут, а шест со принудна завршница.

30-годишникот е познат по тоа што секогаш се потпира на своите супериорни боречки и борбени вештини во неговите борби. Но, се чини дека Чимаев освен на ММА кафезот, боречките потези ги користи и на фудбалскиот терен.

Надзорната камера го снимила „Борз“ како ужива во слободното време играјќи фудбал. Кога еден од членовите на противничката екипа ја пресретнал топката испратена до него, решил да го фати за врат и да го собори на земја.

Познат по својот темперамент и огнен карактер, во следната борба Чимаев многу веројатно би можел да ја нападне титулата во средна категорија на УФЦ, која моментално е во сопственост на Јужноафриканецот Дрикус ду Плесис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО