Неодманешните гласини за Кинезите не се така шарлатански. Новинарот на ЕСПН, Дарен Ровел, објави една интересна приказна во која тој тврди дека неговите извори потврдуваат оти Ултимејт фајтинг чемпионшип (УФЦ) навистина е во процес на продажба.
Според извештајот на ЕСПН, браќата ферита ја ставиле компанија на продажба, а се појавиле четири потенцијални купувачи. Според проценките, цената на компанијата е меѓу 3,5 милиони и 4 милијарди долари. Компании заинтересирани за купување се WME/IMG, China Media Capital, The Blackstone Group i Dalian Wanda Group, од кои оваа последната, според Ариел Хелвани од ММА фајтинг.цом, е најблиску до купување кое би можело да се случи уште во јули.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт ја негираше приказната во целост.
„УФЦ не е за продажба. Приказната на ЕСПН е претерана. Дарен Ровел не е поклоник на фактите. Неговите факти не може да биде повеќе во криво“, рече Вајт за Лас Вегас ревју-џорнал.
Zuffa LLC, односно Лоренцо и Френк Ферита, ја купија УФЦ во 2001 година за 2 милиони долари, а во последните 15 години со помош на Дана Вајт УФЦ го претворија во глобален бренд, А ММА стана најбрзорастечки спорт во светот. Исто така, челниците открија доверливи податоци на компанијата во 2015 година, односно дека направила профит од 600 милиони долари.