Саудијците во последно време организираат одлични боксерски настани, а нема сомнеж дека на нивната листа има уште многу интересни и поатрактивни борби.
Еден таков меч кој Турки Алалших сака да го организира е мечот меѓу Теренс Крафорд и Канело Алварез.
Бад моментално е највисоко рангираниот боксер на „П4П“ топ листите, а не толку одамна тоа место беше резервирано за мексиканската ѕвезда.
Но, големата пречка во договарањето на оваа борба е разликата во тежината меѓу двајцата врвни боксери, односно двете тежински категории.
Имено, Крафорд последните борби ги имаше во полусредна категорија (до 66,7 кг), додека Канело е владетел на суперсредна категорија (до 76,2 кг).
Во потенцијалната борба против Канело, американскиот борец ќе стане првиот боксер кој обединил четири светски појаси во три различни тежински категории.
Засега, заедно со Теренс Крафорд, на листата на боксери кои ги обединија појасите во две категории се само Александар Усик и Наоја Инуе.
Бад го победи досега непоразениот Ерол Спенс Јуниор во меч за обединување во полусредна категорија.
Спенс добро ги знае квалитетите на Крафорд, а во едно неодамнешно интервју изјави дека Бад може да го победи Канело.
„Крафорд нека докаже дека е голем боксер. Ја поддржувам неговата идеја. А за мене Бад е фаворит против Канело“,- истакна Ерол Спенс Јуниор и додаде:
„Не знам како ќе помине, но ако некој може да го победи Канело, тоа е тој. Бад сака највисоки достигнувања и потоа нека го направи тоа. Канело се искачи во полутешка категорија, победувајќи го Сергеј Ковалев и борејќи се со Дмитри Бивол. Ако можеше да го направи тоа, а почна во полусредна категорија, зошто не би го и Крафорд?