Ернесто Хуст е еден од најдобрите кикбоксери на сите времиња.
За време на својата богата кариера четири пати го освои К-1 Гранд-при, што покрај него му успеало само на Сем Шилт.
Холанѓанецот ги држеше WKA, ISKA, WKA и WMTA титулите, и беше светски шампион во савате.
Познат е по одличните комбинации кои ги завршуваше со совршен лоу кик. Пособено е познат по својата ефикасна комбинација на десниот директ, левото кроше во црниот дроб и десениот лоу кик.
Погледнете ја компилацијата и објаснувањата за неговите најдобри потези.