Ердал Факиќ во недела во Солун ќе настапи на Светското мастерс првенство во самбо во категоријата над 10 килограми за возрасни од 41 до 45 години, а еден од можните противнци е и Федор Емилијаненко.
На СП ќе нстапат сите репрезентации од Европа, Азија и Африка, односно околу 60 земји.
„Желбата да се проверам колку вредам по неколкугодишна пауза. Иако одам со повреда, одам да направам добар резултат“, вели Факиќ кој е и претседател на Самбо федерацијата на Македонија.
За можниот дуел со Емилијаненко одговара многу едноставно.
„Борбата е исто како да играш шах, така што битно е кој кого ќе го фати. Ниту паничам ниту имам страв“, категоричен е Ердал.
Последните борби му се во 2011 година во Србија во џудо и во 2012 во БЏЏ во Бугарија. Тој е со големо џудо искуство од Србија, самбо натпреварите во Југоисточна Европа: Полска, Унгарија и Бугарија. Во Бугарија се бори од 1990 до 1995 година и нон-стоп е во финалените борби во кои бил и победник и поразен. Потоа се враќа во Македонија и се посветува на бизнисот.
Ipon.mk/В.Д.