Епско соочување меѓу Усик и Фјури! 11 минути се „убиваа“ со поглед: Ќе го повредам! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Александар Усик учествуваа во тензична десетминутна пресметка на последната прес-конференција пред нивниот спектакуларен реванш во тешка категорија.

На само два дена пред долгоочекуваниот реванш, двајцата борци одговараа на прашања пред насобраните новинари. Фјури прв пристигна на сцената, облечен во екстравагантен црно-бел костум и црна капа. Но, Усик го надмина влегувајќи во придружба на музичка изведба на хор и дувачки оркестар.

Запрашан за размислувањата за реваншот, Фјури го имаше следниов одговор:

„Ќе предизвикам многу болка. Сигурно ќе го ставам во болнички кревет. Тоа е сè што имам да кажам. Разговорите се завршени. Знаете, во првата пресметка зборував, се шегував. Како што правев во текот на мојата кариера, овој пат имам намера да направам проклета штета во сабота навечер“.

Претседателот на Мечрум бокс, Еди Херн е убеден дека Фјури го има она што е потребно за да победи на реваншот.

„Едно ќе кажам, луѓето постојано ме прашуваат кој ќе победи во оваа борба“, рече Херн. „Александар Усик е неверојатен борец и ќе биде потребно нешто извонредно за да го победиме во сабота навечер, но мислам дека Тајсон Фјури е способен за извонредни работи.

Неговата победа против Владимир Кличко во Германија, ја гледав во хотел на лаптоп во Америка, мислев дека нема шанси. Тој победуваше во секоја рунда. Кога се бореше со Дионтеј Вајлдер во Америка, мислев дека нема шанси. Во првата борба беше ограбен. Го уништи во втората борба.

Две генерации, големи тешкаши, двајца великани во овој спорт. Бог да ве благослови и двајцата во сабота навечер“, додаде Херн.

Кога Усик доби шанса да зборува, тој имаше кратка порака за Фјури.

„Добра вечер, дами и господа. Сега имаме само шоу: говори, камери, светла и шоу. Сè ќе се одржи во сабота навечер“.

„Не плаши се, нема да те оставам на мира“, рече Усик.

Откако ги завршија своите говори, двајцата боксери учествуваа во неверојатно 11-минутно соочување што на крајот беше прекинато од обезбедувањето. Фјури потоа отиде да танцува со Саудијците, додека Усик се поклони и го напушти местото.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение. Соочувањето започнува во 58:50 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО