Рамазан Гаџиханов (-58 кг) во интересна и борба со пресврти е поразен од рускиот репрезентативец Ајубхан Саидалханов на Европското првенство за кадети во борење во Стокхолм-Шведска, во квалификациите.
Нашиот репрезентативец поведе со 3-1 во првата рунда, потоа противникот ја презеде иницијативата и поведе со 10-3. Кога се чинеше дека Руснот мирно ќе ја приведе борбата до крајот, Гаџиханов направи фрлање и освои четири поени со што намали на 10-7 и во тој момент требаше и да го тушира Саидалханов, но противникот успеа да го преврте и да го тушира, така вкупниот резултат е 14-7.
Постоеше надеж дека можеби преку репасаж Гаџиханов ќе има шанса да стигне до висок пласман, но тоа остана само желба бидејќи Русинот во четвртфиналето загуби од Турчинот Муамер Килиџ.
Во финалето ќе се борат Вазген Теванјан (Ерменија) и Али Шериев (Русија), а за бронзи Даур Пасардија (Азербејџан) – Муамер Килиџ (Турција) и Гиорги Елбадкидѕе – Цотне Абалаки и двајцата од Грузија.
Да спомнеме дека на ова првенство учествуваат по двајца претставници во категорија од една држава, а нашиот борач доби исклучително тежок противник.
Ipon.mk/В.Д.