Ентони Јард загуби уште еден член од семејството заради коронавирусот

Британскиот боксер Ентони Јард изгуби друг член на своето семејство од коронавирус.

Неколку дена по заминувањето на неговиот татко, 28-годишната ѕвезда во полутешка категорија ги повика луѓето да останат дома и откри дека ја изгубил и баба му.

„Татко ми и баба ми заминаа за неколку дена. Тоа е сериозно! Луѓето продолжуваат да излегуваат кога не е потребно. Знам дека има многу мислења за Ковид-19 и имам свое, но знам и дека заради овие мислења не вреди да се ризикува вашиот живот и оној на другите. Само останете дома“, напиша Јард на социјалните медиуми.

Следниот меч на Британцот беше закажан за 11 април и требаше да се сретне со неговиот сонародник Линдон Артур. Сепак, поради пандемијата на коронавирус, мечот е одложен за 11 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON