Ентони Хернандез го победи Мишел Переира со прекин, Роб Фонт го славеше над Кајлер Филипс

Во главната борба на настанот УФЦ Фајт најт 245 во Апекс хол во Лас Вегас, американскиот борец Ентони Хернандез го победи Бразилецот Мишел Переира со прекин во петтата рунда од дуелот во средна категорија.

Тоа беше шеста победа во низа за Хернандез и петта победа со прекин во таа серија, а го подобри својот скор на 13-2, со една поништена борба.

А во американскиот меч во бантам категорија, Роб Фонт со едногласна одлука го совлада Кајлер Филипс.

Тоа беше негова втора победа во последните шест борби, од кои четири загуби. Пред овој последен триумф подобри од него беа Жозе Алдо, Марлон Вера, Кори Сандхаген и Дејвсон Фигуеирдо.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 245:

Ентони Хернандез – Мишел Переира – ТКО (лакти), Р5 (2:22)
Роб Фонт – Кајлер Филипс – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Чарлс Џонсон – Су Мудаерџи – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Камерон Смотерман – Џејк Хедли – едногласна одлука (30–26, 29–27, 29–27)
Дарен Елкинс – Даниел Пинеда – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)

Воведни борби:
Асу Алмабаев – Матеус Николау – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Жан Мацумото – Бред Катона – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џозелин Едвардс – Тамиреш Видал – завршница (фајс ранк), Р3 (4:33)
Елиза Рид – Џесика Пене – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мелиса Мартинез – Алис Арделан – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Остин Лејн – Робелис Деспања – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО