Ентони Џошуа одговори со видео-порака и откри дека заради коронавирусот загубил блиски пријатели.
Светскиот боксерски шампион во вторникот објави видео во кое ја коментира актуелната состојба и проблемите кои не само во спортот, туку и во неговиот приватен живот ги предизвикала пандемијата на коронавирус.
„Само сакав да проверам како сте. Се надевам дека сте безбедни. Би сакувал да сум надвор и да се занимавам со се и сешто. Да сум на велосипед, да се дружам со пријателите, да спарингувам и да ја посетувам боксерската сала … Но, и еден бунтовник како мене се обидува да следи некакви насоки и да ја направи вистинската работа.Така, ова е само порака со која сакам да ви кажам дека ја имате мојата поддршка. Со вас сум и заедно ќе поминеме преку ова додека ја правиме исправната работа“, почна Џошуа.
„Сè уште немаме лек, па на сите луѓе кои се заразени со коронавирус им посакувам брзо закрепнување затоа што ова не е шега. Држете сите вие кои патевте и ги изгубивте своите најмили. И јас изгубив блиски луѓе од боксерската сала, блиски пријатели, пријатели на пријатели. Ова станува се посериозно кога се приближува кон сопствениот дом“, додаде Џошуа, заблагодарувајќи и на крајот се заблагодари на сите здравствени работници:
„Ја ценам вашата работа. Понекогаш ве сфаќаме здраво за готово, но многу ве цениме и ве почитуваме што сте на првата линија. Сите што ве изоставив – Бог да ве благослови и да ми бидете сигурни“, заклучи бокс шампионот.
Да потсетиме дека Џошуа веќе неколку дена е во изолација заради неодамнешната средба со принцот Чарлс за кого се покажа дека е позитивен на коронавирусот.