Познатиот британски промотер Еди Херн изјави дека Ентони Џошуа ќе ја активира опцијата за реванш со Даниел Дубоа.
Минатиот викенд Џошуа беше нокаутиран од Дубоа пред 96.000 луѓе на Вембли во Лондон. Ентони настапи многу слабо и неколку пати беше соборен. Во 5-тата рунда Џошуа веруваше дека го повредил Дубоа и отиде на нокаут, но на крајот самиот беше нокаутиран.
Ентони признава дека направил многу грешки, но не планира да престане да се занимава со овој спорт. Херн откри дека имаат клаузула за реванш што Џошуа сигурно ќе ја активира:
„Толку сум горд бидејќи тој никогаш не се откажа. Нозете не го слушаа, но продолжи да се обидува. Еве што може да се случи кога сте до голем нокаут. Постојано се обидуваше да стане дури и кога не можеше.
Даниел заслужува пофалби, тој е вистински светски шампион. Браво за него. Сигурен сум дека Ентони ќе ја искористи клаузулата за реванш. Тоа е опасна борба, но Ентони верува дека може да го победи“, изјави Херн за Токспорт.
https://twitter.com/GiveMeSport/status/1837610907796410764