Ентони Џошуа и Даниел Дубоа договорија меч за 21 септември на Вембли

Сезоната на големи борби продолжува. Имено, официјално е потврдено дека борбата во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Даниел Дубоа ќе го предводи боксерскиот спектакл на 21 септември на Вембли.

Двајца од најдобрите британски тешкаши ќе се борат за појасот на ИБФ, откако Александар Усик потврди дека се откажува од светската титула на ИБФ.

Пред нешто повеќе од еден месец Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија и ги обедини шампионските појаси на ВБЦ, ВБА, ВБО и ИБФ.

  pic.twitter.com/yQYK64vTgZ

— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) June 26, 2024

Дубоа со прекин во осмата рунда го победи најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ во мечот за привремениот појас на ИБФ на почетокот на јуни и доби шанса да се бори со Еј Џеј.

Непоразениот украински борец најпрво побара од ИБФ да го задржи појасот за реваншот против Фјури во декември, но сега преку видео порака се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека го ослободува појасот на ИБФ.

„Ентони (Џошуа) и Даниел (Дубоа), знам колку ти е важна титулата на ИБФ. Нека ви биде подарок за мечот на 21 септември“, вели Александар Усик во видеото објавено на Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON