Во средината на ма Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука и со тоа стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија.
Двајцата актуелни тешкаши ќе се сретнат повторно во рингот на 21 декември, но овојпат нема да се борат за сите титули.
Имено, украинскиот боксер пред неколку недели ја напушти титулата на ИБФ, за која следниот месец ќе се борат шампионот Даниел Дубоа и Ентони Џошуа.
А Џошуа во неодамнешното интервју за промоцијата Квинсбери го прогнозираше исходот од реваншот меѓу Усик и Фјури и верува дека Украинецот повторно ќе победи.
„На почетокот ќе биде тешка борба, но чувствувам дека во одреден момент Усик ќе го прекине мечот и повторно ќе победи“, изјави Ентони Џошуа и додаде:
„Тој е врвен техничар, еден од најдобрите. Мислам дека судијата повторно во воздух ќе ја крене раката на Усик“.