Остануваат уште дваесетина дена до одличниот британски боксерски меч на Вембли каде Даниел Дубоа ќе го брани шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија против Ентони Џошуа.
А се чини дека поранешниот двократен светски шампион Еј Џеј е во одлична форма, а доказ за тоа е и најновото видео кое беше објавено на неговите социјални мрежи.
Џошуа е во победничка серија од четири борби, а уште една би можела да го поттикне кон најголемата борба во неговата кариера – обединување на титулата во тешка категорија.
Имено, сериозно се зборува дека победникот од мечот меѓу Дубоа и Џошуа би можел да биде следниот противник со подобриот од Aлександар Усик и Тајсон Фјури, кои во декември се борат за титулите во ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ.
Ентони е максимално фокусиран на подготовките за пресметката со Даниел, а доказ за тоа е видеото на кое безмилосно го удира фокусерот…
„Во индустрија во која почитта се заслужува, а не се поклонува“, напиша Еј Џеј во описот на видеото, а неговата објава предизвика многу коментари од обожавателите.
За настанот на Вембли веќе се продадени 90.000 билети, но Турки Алалшеик и промоторите Еди Херн и Френк Ворен немаат намера да застанат тука.
Рекордот на Вембли за продадени билети за боксерски спектакл го држи мечот меѓу Тајсон Фјури и Дилиен Вајт кога на стадионот во Лондон имаше 94.000 гледачи.
View this post on Instagram