Ентони Џошуа: Борбата со Вајлдер е сигурна во 2023 година

Британскиот боксер Ентони Џошуа е уверен дека борбата со Дионтеј Вајлдер ќе се одржи во 2023 година.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија со години зборуваше за борба со „Бронзениот бомбардер“. За жал, веќе неколку години нема таква битка. Навивачите сакаа да ги гледаат кога и двајцата беа на врвот и ги држеа титулите.

Сега Вајлдер и Џошуа немаат појаси, што тешко дека ќе ги возбуди фановите како пред години. Интерес, сепак, сигурно ќе има, а Џошуа ветува дека ќе има таква борба следната година, која веќе тропа на врата.

„Да гледаме во иднината. Оваа битка сигурно ќе се одржи. Вајлдер и јас се натпреваруваме во иста тежинска класа, во иста ера, што значи дека мора да има борба.

2023 година не е далеку. Ќе биде голема година за боксот и нашата борба со Дионтеј Вајлдер дефинитивно ќе се случи“, рече Џошуа за „Сан“.

Ентони Џошуа ја водеше својата последна борба во август против украинскиот светски шампион на ВБА Супер, ВБО, ИБО и ИБФ, Александар Усик. Еј Џеј загуби со поделена одлука. Дионтеј, пак, во октомври го нокаутира финскиот боксер Роберт Хелениус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @anthonyjoshua

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON