Светскиот шампион во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска асоцијација (ВБА), Ентони Џошуа, уште еднаш видливо демонстрираше колку му е голем ѕвездениот статус.
Боксерот објави на Твитер слика со престолонаследникот на Велика Британија принцот Хари, а под неа шеговито напиша, освен честитки дека ако идниот младоженец има потреба од кум, тогаш тој ќе му излезе во пресрет.
Back to work this morning! Congrats on everything this year & no pressure on the R4 guest edit! 😉 P.s. Need a best man? 🤷🏾♂😅👑 pic.twitter.com/SA6VjEQqgC
— Anthony Joshua (@anthonyjoshua) December 27, 2017
Kaкто што е познато, на 19 мај 2018 година принцот ќе се омажи за американската актерка Меган Маркел која пред неколку дена за првпат се вклучи во церемониите за новогодишниот говор на кралицата Елизабета Втора во Сандрингам, Велика Британија.