Шампионот во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, се подготвува за дуелот со Владимир Кличко во април, но тоа не го спречува Британецот да ги прави и идните планови.
Џошуа откри дека има голема желба да се бори на територијата на САД и да го изгради своето име меѓу американските фанови. На овој начин би го следел патот на другите британски боксери како Ленокс Луис, Рики Хетон, Џо Калзаге, Амир Кан и Насем Хамед, кои и се добро познати на американската публика.
Сосема разбирливо, во радарот на „AЏ“ е еден друг светски шампион – Дионтеј Вајлдер. Џошуа изјави оти се надева дека ќе го победи Кличко, а потоа и да добие шанса за обединувачки меч со „Борнзениот бомбардер“.
„Стискам палци да го победам Кличко. Потоа може да размислувам за натпревари во Америка против луѓе како Дионтеј Вајлдер. Тој е во мојот радар. Одамна ја следам неговата кариера. Многу е талентиран. Бил и на Олимписки игри, иако подоцна ја почна кариерата успеа да го зацврсти своето место во спортот“.
„САД е меката на боксот, а нашата цел е да изградиме фанови во Америка. Исто како Луис, Хетон и Хамед што го направија тоа. Наскоро ќе патувам во САД, за да гопромовирам мечот со Кличко и да проверам каков е интересот. Сакам внимание и живеам за овој голем меч“.