Ентони Џошуа не се плаши од предизвиците и е подготвен да ја промени професијата. Претходно овој месец, Британцот си ги врати титулите во тешка категорија откако му се реваншира на Енди Руиз во Саудиска Арабија. Џошуа им покажа на сите дека може да прифати неуспех и да научи од тоа. Тој доминираше против во својот противник и е повторно на тронот на тешката категорија.
Британeцот во интервју за ТМЗ рече дека е подготвен да се испроба во ММА. Е.Џ. изјави дека се живее само еднаш и не му пречи да се тестира себе си во нови средини:
„Мојата авантура беше болна и бараше многу жртви, но имаше неколку незаборавни моменти кои доаѓаат со тоа. Искуството е најдобриот учител. Научив многу и благодарение на овие лекции јас сум тоа што сум денес. Добро беше што го победив Руиз и си докажав дека можам. Отсекогаш знаев дека ќе го победам.
Победата беше за моите навивачи кои ја почувствуваа горчината на поразот. Имаше многу коментари за поразот, но сега победив и моите фанови можат да се радуваат и да одат со подигнати глави. Вајлдер го има последниот појас и ќе биде совршен противник за мене. Подготвен сум за секој од вас двјацта со Фјури.
Да, дефинитивно би ја сменил професијата. Лесно е да се каже дека не можете, но верувам дека не треба да поставувате граници во животот.
Ако се појави шанса, тогаш верувам дека сите треба да бидат тестирани. Ако ми се пружи шанса за ММА или глума, ќе ја прифатам, затоа што само еднаш се живее . Да, дефинитивно би го разгледал предлогот за бокс средба во Русија“.