Ентони Џошуа се пошегува со својот најголем конкурент за кралскиот трон во тешка категорија Дионтеј Вајлдер. Двајцата шампиони продолжуваат да се закануваат и да се предизвикуваат, но се уште нема светлина на хоризонтот за меч меѓу нив.
По атрактивната борба на Вајлдер и Тајсон Фјури, американскиот боксер даде неколку интервјуа, при што истакна дека Ентони Џошуа почнал да се моли за меч меѓу нив.
Sums it up.. Hope that clears any confusion 🥊 https://t.co/LYnc6LF1nT
— Anthony Joshua (@anthonyjoshua) December 13, 2018
“Не бегам од средба против него. Имам желба да се бориме. Дали му се молам? Да, се молам. Сакам да станам апсолутен светски шампион. Гладен сум за победи. Затоа го молам. Има доста атрактивна понуда отколку парите што ќе ги добие против Фјури. Графите и на двајцата ни слободни, така што немаме задолжителни одбрани“, рече Џошуа.
.
.