Ентони Џошуа ќе го избере противникот за 10 дена

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа ќе го утврди следниот ривал за десетина дена, соопшти Бари Херн, татко на промоторот на британскиот боксер, Еди Херн.

Има повеќе варијантите пред носителот на 4-те шампионски појаси.

„Ентони Џошуа решава. Тој бира. Мислам дека тој го претпочита Александар Поветкин, како задолжителен предизвикувач на ВБА, а исто така Џарел Милер, кој е во топ 5, и Дионтеј Вајлдер. Ова се трите главни во изборот и очекувам тој да процени што и како во наредните 7 до 10 дена. Тој е паметен млад човек и конечното решение секогаш е негово“, иазјави Бари Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON