Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) го победи Александар Поветкин (34-2, 24 КО) со нокаут во седмата рунда кој е прв во кариерата на Русинот.
Левото кроше и директот му ја донесоа победата на Џошуа пред околу 80.000 навивачи на Вембли и одбраната три од четирите светски титули. ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО.
Првата рунда помина во испитување на силите, со размена на некој удар како да почувствуваат удари. Втората почна со десно кроше на Поветкин. Во продолжение Русинот беше поактивен и зададе повеќе прецизни удари од Џошуа.
https://twitter.com/WakabetNG/status/1043618534725693441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1043618534725693441%7Ctwgr%5E373939313b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D747012
И пак на почетокот на третата Александар беше прецизен и агресивен, а Англичанецот се бранеше. На крајот од рундата Џошуа пласираше два-три удари што завршија во Поветкин. Се стекнува впечаток дека Џошуа одеше на изморување на противникот. Во четвртата му ја повреди левата аркадата со еден аперкат и го успори, така Џошуа почна да ја контролира борбата.
Петата рунда помина во борба од дистанца,бидејќи така Џошуа ја умртвуваше борбата со своите долги раце. Имаше по некој удар. Џошуа во шестата тргна порешително и на почетокот беше прецизен,но подоцна врати Поветкин со директ и кроше. Потоа има размена на удари, а Џошуа се трудеше да погоди во повредената аркада. Ова беше интересна рунда. На средината во седмата рунда Џошуа гопогоди Поветкин и го затресе и го прати во нокадаун. Судијата дозволи борбата продолжи, но брзо се најде во нокаут.