Една од најинтересните битки што се очекува во боксот е меѓу шампионите Ентони Џошуа и Дионтај Вајлдер, но постојано се разминуваат. Наместо да се бори со Џошуа, Дионтеј се одлучи за реванш меч со Тајсон Фјури, откако овој месец нивната борба заврши без победник. Одбивањето на Вајлдер го остави Џошуа без избор и во април ќе мора да се бори против Дилиен Вајт во Лондон.
Неодамна АЏ во интервју за ДАЗН/ DAZN одлучи да имитира еден од одговорите на Дионтеј Вајлдер:
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 27, 2018
АЏ изјави дека ќе го избере Вајт за следен противник ако Вајлдер не ја сака борбата, бидејќи Дилиен е негов сонародник и двајцата заслужуваат да го поделат лебот.