Поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа изјави дека има мотивација да му се одмазди на Енди Руиз и да стане двократен светски шампион. На почетокот на јуни, Мексиканецот успеа да го изненади Џошуа и да го победи во 7-та рунда, нокаутирајќи го за прв пат. Втората битка меѓу нив треба да се одржи во декември во Саудиска Арабија, а Jошуа смета дека е повеќе од подготвен.
Поранешниот шампион смета дека Руиз си го копа гробот со бајките за кои зборува. Џошуа се исмејува на оние кои велат дека треба да се повлече и е повеќе од сигурен пред реваншот:
„Руиз си го копа гробот за глупостите што ги кажува. Сега е поинаку и сакам да и го покажам искуството на луѓето при враќање од пораз. Не е важно дали веруваат во мене. Знам што треба да направам. Морам да ги следам моите инстинкти и да станам двократен светски шампион. Го прифатив поразот како човек и ќе покажам дека ќе се вратам.
Руиз е добар борец, но тој нема вештини. Тој ме порази благодарение на среќниот удар испратен од боговите. Знам, ќе си го вратам. Се смеам на сите што мислат дека треба да заминам во пензија. Можеби ќе ги пензионирам оние што зборуваат за мене“.