Ентони Бурдеин доби син појас по бразилско џиу џицу од Игор Грејси!

Entoni Budrein

Повеќето луѓе го поврзуваат со вкусни и егзотични јадења, приготвени во различни делови на ширум планета, но ако се следат публикациите, тогаш ви е јасно дека шефот Ентони Бурдеин на патувањата има и други активности, односно секој ден го претвора во нешто многу повеќе од врвен готвач.

Entoni Budrein 2

Завчера доби (положи) син појас по бразилско џиу џицу од неговиот учител и инструктор во академијата на Хензо Грејси – Игор Грејси.

Entoni budrein 3

Целото семејство Бурдеин, вклучувајќи ја и 8 годишна ќерка, се исклучително заинтересирани за оваа боречка вештина и секој слободен миг го поминуваат во извршување на нови техники и изучување на незамисливо многуте начини да се задави некој противник.

Љубителите на неговото шоу веќе го гледаат идолот во една нова светлина , која не само што ги учи како да готват, туку и како правилно да се грижат за своето тело. Најдобриот готвач меѓу практичарите на бразилското џиу џицу се фалат на Инстаграм за новиот успех:

 „За ова признание се трудев повеќе од се друго во мојот живот. Му благодарам на мојот професор Игор Грејси и Хензо Грејси“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON