Македонија има уште еден финалист на Балканското карате првенство за сениори – Енес Самилагиќ.
Смаилагиќ во полуфиналето храбро се бореше против Никола Полуга од Босна и Херцеговина во категоријата до 75 килограми и покрај повредата што ја доби на лицето. Во регуларниот дел борбата заврши 0-0, но на зиајснувањето победата му припадна на Енес од 3-2 и тоа сосема заслужено, бидејќи тој го диктираше темпото. Во финалето ќе се бори со Един Сариќ од Босна и Херцеговина.
Смаилагиќ најпрво славеше против Стефан Петков од Бугарија со 3-2, па над Муслум Баштрук од Турција со 5-0 на изјаснување откако борбата заврши 0-0.
Во ова категорија добри настапи имаа и Тодор Ристески и Иво Цветковски, кои има по две победи и еден пораз. Ристески беше подобар од Никола Марковиќ-Србија 1-0, од репрезентативецот на Црна Гора Никола Маловиќ 1-0, а е поразен од Босанецот Полуга со 2-0.
Иво Цветковски беше подобар од Ардит Рушити –Словенија 1-0 и рајли Муколари-Албанија 6-5, а доживеа пораз од 4-0 од Суад Табаковиќ од БиХ.
Петар Забосрки беше поразен со 2-1 од Хрватот Горан Лучин.
Мики Стојмановиќ во борбата за бронзенинот медал во категоријата над 84 кг загуби со 1-0 од Алмир Цедуњанин од Црна Гора во репасажот. Исто така и Моника Стефановска испушти прилика во репасажот да освои бронзен медал, бидејќи беше поразена од Хрватката Ивона Тубиќ.
Претходно објавивме дека Адил Мехмед (-67 кг) е во финалето на Балканското првенство во Истанбул.
Ipon.mk/В.Д.