Енди Руиз: Кога ослабнувам се чувствувам неверојатно (ФОТО)

Енди Руиз Јуниор, поранешен светски шампион во тешка категорија, изјави дека се чувствува одлично кога губи многу килограми. Мексиканецот ќе се соочи со Крис Ареола на 1 мај во САД и ќе биде своевидно враќање за него во рингот.

Да оотсетиме дека Руиз рече оти ќе има најмалку 25 кг по враќањето во рингот од реваншот за светските титули против Ентони Џошуа.

Руиз не себорел откако ја загуби светската титула од Ентони Џошуа во декември 2019 година во Саудиска Арабија.

„Да ја загубам мојата последна битка беше разочарувачки. Не ги направив работите што требаше да ги направам. Тоа беше најважната битка во мојата кариера. Цел живот чекав да станам шампион и почнав да правам работи за кои никогаш не помислував дека ќе можам да ги направам.

Не сакам да ги повторувам истите грешки и ова е во голема мера она што ме мотивира. Сега, кога правилно слабеам, се чувствувам неверојатно. Се чувствувам како да можам да направам уште многу работи што не можев да ги направам порано поради моето тело. Небото е граница за мене“, изјави поранешниот шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО за Фајт хаб ТВ.

Енди Руиз Јуниор има скор од 33 победи, од кои 22 со нокаут и 2 порази (од Ентони Џошуа и Џозеф Паркер) во професионалната боксерска кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON