Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Енди Руиз, објави многу интересни фотографии на социјалните мрежи. Тие се од тренингот на Мексиканецот кој се подготвува да го одбрани појасот против поранешниот светски шампион Ентони Џошуа. Реваншот ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.
На спарингот, Руиз му задава кроеша на тренерот, а еден од нив случајно завршува во главата на неговиот ментор, кој по инцидентот изгледа прилично несигурен.
Се разбира, шампионот веднаш му се извини на тренерот и го прегрна.