Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Енди Руиз доби нов предизвик за меч од првиот предизвикувач во ВБЦ верзијата, Дилиен Вајт. Британецот, покрај Руиз, ги предизвика уште и Александар Поветкин и Ото Волин.
„Било кој од овие боксери да добијам. Време е за враќање на врвот и затоа сакам на меч со најдобрите“ – напиша Вајт.
31-годишниот британски боксер, иако не брилјираше, неодамна во Саудиска Арабија го победи Полјакот Мариуш Вах.
Во својата кариера Дилијан Вајт има 27 победи и само еден пораз од Ентони Џошуа во 2015 година.